На 1 јули 2025 година, проф. д-р Ахмет Шен од Универзитет Бинали Јилдирим од Ерзинџан, Република Турција, го посети Меѓународен Славјански Универзитет во рамки на програмата Еразмус+, во делот за мобилност на административен кадар.
За време на посетата на кампусот во Свети Николе, оствари средба со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на Меѓународен Славјански Универзитет.