Во рамките на Еразмус+ програмата Меѓународен Славјански Универзитет во месец мај 2024 година беше домаќин на административен кадар од Турција, Фатих Месут Јалчинкаја и Енес Осман Дурна од Универзитетот Фатих Султан Мехмет Вакиф – Истанбул.
Нивната посета беше исполнета со повеќе активности преку кои тие споделија знаења и искуства со нашите студенти и наставен кадар. Во рамки на посетата тие остварија средба и со проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на МСУ; м-р Борче Серафимовски, заменик претседател на Управен Одбор на МСУ; проф. д-р Васко Стамевски, проректор за Меѓународна соработка на МСУ и со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи.
Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да гради мостови помеѓу различните култури и да нуди нови можности за учење и напредок на своите студенти и персонал. Ние веруваме дека меѓународната соработка и размената на идеи се од суштинско значење за академскиот развој. Им благодариме на нашите гости за нивниот придонес и се надеваме на уште многу успешни соработки во иднина.