Почитувани апликанти за стипендии,
Согласно Конкурсот за стипендирање за академската 2014/15 година на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“ – Свети Николе – Битола, ве известуваме дека сите кандидати кои веќе се тестирале се должни најдоцна до 12.08.2014 (до 15 часот) да ја достават потребната документација: СВИДЕТЕЛСТВА од четирите години од средното образование и ДИПЛОМА за завршена државна матура.
Кандидатите кои нема да ги достават потребните документи до предвидениот рок, ќе бидат елиминирани од можноста да се стекнат со една од десетте стипендии.
Конечните резултати за добитниците на вредните стипендии на сите факултети на МСУ ќе бидат објавени на 13.08.2014 на нашата веб страница.
Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте го одговорното лице од комисијата м-р Игор Михајловски на 078 313 512.
КОМИСИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ