
Крешимир Мишак со предавање во Киноверзум Штип: Инспиративна дискусија за технологијата, човекот и иднината
29 ноември 2025
Успешно се одржаа Деновите на психологија во Киноверзум Штип
2 декември 2025Во рамки на програмата Еразмус+ за мобилност на студенти Меѓународен Славјански Универзитет имаше чест да биде домаќин на студентот на докторски студии Мирчо Алексиев од Универзитетот „Св. св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Бугарија. Докторандот Алексиев престојуваше на МСУ во рамки на проект посветен на развивање на докторски трудови.
Мобилноста се одвиваше преку истражувачка работа и академска соработка со наставниот кадар на МСУ, што му овозможи силна поддршка во подготовката и структуирањето на неговата докторска дисертацијa. Оваа мобилност претставува значаен чекор кон унапредување на меѓународната академска соработка и креирање на поволна средина за научен раст и развој на студенти од различни земји.




