Секторот за односи со јавноста се оддели од Маркетинг секторот во 2016 година. Како што растеше универзитетот, така растеше и потребата за формирање на посебен сектор кој би можел да ги координира и следи сите активности.

Станува зборза исклучително важна служба која го координира целокупниот процес при објавувањето на информации на веб страната и нејзиниот изглед, се грижи за објавување на настаните во јавноста, дава совети и одржува обуки за презентерски вештини на лицата кои се задолжени за промоција на универзитетот.

Достапноста на информациите и начинот на презентација на активностите кои ги спроведува универзитетот кон пошироката јавност позитивно се одразува врз целокупната работа и стимулира уште поголема професионалност на сите ангажирани лица.