Конкурс за упис

Врз основа на член 149, член 134 став 2 и член 135 од Законот за високото образование на Р.Северна Македонија (сл.весник 82/2018, 154/2019, 178/2021 и 58/2024) и член 165  од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 26.03.2025 година донесе одлука за распишување на конкурс за упис на студенти во учебната 2025/2026 година и го објавува следниот

Конкурс за запишување на студенти на прв циклус на студии
во академската 2025/2026 година

Број
на студенти

За студии со настава на македонски јазик:

На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2025/2026 година ќе се запишат на насоката:

  • Менаџмент и бизнис – 100  студенти,
  • Финансии и банкарство – 100 студенти.

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2025/2026 година ќе се запишат на насоката

  • Општа психологија – 110 студенти.

На Факултетот за технички науки и информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2025/2026 година ќе се запишат на насоката:

  • Компјутерски системи и мрежи – 40 студенти,
  • Софтверски технологии – 40 студенти,
  • Безбедност при работа – 55 студенти,
  • Управување со отпад – 49 студенти.

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2025/2026 година ќе се запишат на насоката:

  • Правни студии – 110 студенти.

За студии со настава на англиски јазик:


На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2025/2026 година ќе се запишат на насоката:

  • Менаџмент и бизнис – 10 редовни и 10 вонредни студенти,
  • Финансии и банкарство – 10 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2025/2026 година ќе се запишат на насоката:

  • Општа психологија – 10 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2025/2026 година ќе се запишат на насоката:

  • Компјутерски системи и мрежи – 10 редовни и 10 вонредни студенти
  • Софтверски технологии – 10 редовни и 10 вонредни студенти
  • Безбедност при работа – 10 редовни и 10 вонредни студенти
  • Управување со отпад – 10 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2025/2026 година ќе се запишат на насоката:

  • Правни студии – 10 редовни и 10 вонредни студенти

Услови и критериуми
за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата и во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите кои се стекнале со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година без положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите. При уплата на вкупната школарина при упис на академската година студентите добиваат попуст од 10%.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Се определува школарина за следниве факултети:

  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: Финансии и банкарство во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: Менаџмент и бизнис во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за технички науки и информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Безбедност при работа во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за технички науки и информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Управување со отпад во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за технички науки и информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Компјутерски системи и мрежи во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за технички науки и информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Софтверски технологии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за психологија за 1 циклус додипломски студии за насока: Општа психологија во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 1 циклус додипломски студии за насока: Правни студии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно.

Износот на школарината за запишување на странски студенти со положена меѓународна матура изнесува двојно од износите предвидени за домашните студенти.


Рокови
за упис

Првиот уписен рок трае од 08.04.2025 година до 25.08.2025 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2025година.

Вториот уписен рок трае од 01.09.2025 година до 25.09.2025 година. Во вториот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 30.09.2025 година.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2025/2026 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршено средно образование, односно доказ за положена државна или меѓународна матура (Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
  • Свидетелства од сите 4 години;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • Копија од државјанство;
  • 4 мали фотографии во боја.

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија

  • Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77
  • Битола на ул. „Прилепска бр. 90А

За подетални информации, заинтересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 047/609-778 или на електронската пошта info@msu.edu.mk.


Постави
прашање

CAPTCHA image