Име и презиме | Поени од тест | Поени од проектна задача | Вкупен број на поени | Освоена стипендија |
Додипломски студии | ||||
С. Тодоровска | 50 | 40 | 90 | Правни науки, 1000 евра |
Н. Сaрафимовска | 51 | 35 | 86 | Економија и ОП, 1000 евра |
С. Ѓорѓиевска | 53 | 25 | 78 | Психологија, 1000 евра |
В. Стојовска | 32 | 25 | 57 | Психологија, 500 евра |
Последипломски студии | ||||
В. Дамчевски | 57 | 40 | 97 | Економија и ОП, 1500 евра |
М. Гичевска | 44 | 40 | 84 | Економија и ОП, 500 евра |
К. Илиева | 54 | 40 | 94 | Психологија, 1500 евра |
А. Трајковска | 53 | 35 | 88 | Психологија, 500 евра |
Меѓународниот Славјански Универзитет – Свети Николе распишува
за доделување на стипендии за додипломски и последипломски студии на Меѓународен Славјански Универзитет за учебната 2022/2023.
МСУ е високообразовна установа која перманентно одвојува сопствени средства и наоѓа начин соодветно да ги стимулира најдобрите матуранти и млади луѓе да ја продолжат својата едукација на еден од факултетите на универзитетот на прв или втор циклус на студии. За академската 2022/23 година МСУ обезбеди максимални годишни средства за стипендирање во вредност од вкупно 19.500 евра, од кои 9.100 евра на прв и 10.400 евра на втор циклус на студии.
Право на учество имаат:
Меѓународен Славјански Универзитет ќе додели:
Факултет за економија и организација на претприемништвото
Факултет за безбедносно инженерство
Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)
Факултет за психологија (едногодишни или двегодишни студии)
Факултет за информатика (едногодишни или двегодишни студии)
Факултет за безбедносно инженерство (двегодишни студии)
Факултет за правни науки (едногодишни студии)
За да обезбедиме процес на фер и транспарентно доделување на стипендии, ние прво ќе организираме предавања, а потоа ќе ги тестираме кандидатите за знаењата кои ние ќе им ги дадеме. Тоа значи дека не Ви се потребни предзнаења од областите кои ќе бидат предмет на тестирање (но секако предзнаењата се добредојдени 😊).
Централната тема на предавањата кои ќе ги организираме ќе биде „Иновативност“. На секое од предавањата темата ќе биде разгледувана од повеќе аспекти – од аспект на економските науки, психологијата, информатичките технологии, безбедноста при работа и од областа на правото.
Ќе бидат организирани вкупно 5 предавања за стипендија за прв циклус т.е. 6 предавања за втор циклус и истите ќе се реализираат онлајн во периодот помеѓу 10 – 18 август 2022.
Првите 5 предавања ќе бидат исти за кандидатите кои аплицираат за стипендија на прв и втор циклус, со тоа што единствената разлика ќе биде шестото предавање – кое ќе биде методологија. Шестото предавање ќе ги подготви кандидатите за стипендија на 2 циклус студии за проектната задача, која ќе биде мал истражувачки проект.
По завршувањето на 5 онлајн предавања кандидатите за стипендија на 1 циклус студии подготвуваат проектна задача и се прави тестирање согласно материјалите кои ќе бидат дадени на предавањата.
По завршувањето на 6 онлајн предавања кандидатите за стипендија на 2 циклус студии подготвуваат проектна задача и се прави тестирање согласно материјалите кои ќе бидат дадени на предавањата.
Проектната задача се презентира на денот на тестирањето и секој кандидат ќе има 10 минути да го презентира својот труд.
Тестовите и проектната задача се исти за сите кандидати, без разлика за кои факултет се пријавуваат и истите ќе се базираат исклучиво на предавањата кои ќе ги организира МСУ. Врз основа на вкупно добиените поени од тестот и од проектната задача, најдобрите кандидати ќе се стекнат со стипендии. На прв циклус најдобрите 3 кандидати за секој факултет, на втор циклус најдобрите 2 кандидати за секој факултет. Доколку се случи да имаат ист број на вкупно поени, предност ќе има кандидатот кој освоил повеќе поени на тестирањето.
Максималниот број на поени кои еден учесник може да освои е 100 поени, од кои што:
Тестирањето ќе биде со физичко присуство на МСУ во Свети Николе и во Битола на 22.08.2022 (понеделник) во 12.00 часот. Прашањата во тестот ќе бидат комбинирани, а оценувањето на одговорите ќе биде максимално објективно согласно скала на бодови.
Проектната задача се презентира после тестирањето.
Проектната задача е вториот услов (покрај тестирањето) на конкурсот за стипендии и се базира на креативно и оригинално размислување на кандидатот со сета своја слобода да понуди решение за даден проблем зададен од предавачот.
Покрај техничките барања кои се наведени во конкурсот, проектните задачи ќе бидат оценувани од страна на комисијата според следниве критериуми:
Подетални инструкции за проектната задача ќе добиете на предавањата.
Сите стипендии кои МСУ ги доделува се со можност за продолжување во наредните години од студирањето. Услов за продолжување на стипендија во наредната година е:
Рокот за пријавување е 09.08.2022.
Потребно е да ни испратите:
Објавувањето на резултатите ќе биде на 25.08.2022 година на веб страницата на МСУ.
За дополнителни прашања обратете ни се на следнава електронска адреса: info@msu.edu.mk.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |