По втор пат во организација на Здравко Ставров, студент на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ на факултетот за психологија – кампус Битола беше спроведена акција за донирање на облека која што е наменета за ЈУ Специјален завод Демир Капија.
Акцијата е реализирана благодарение на студентите и вработените кои што ја покажаа својата хуманост и желба да се помогне на тие што им е навистина потребно.