
Речиси 250 учесници на првиот ден од онлајн форумот „Психологијата во образованието“ на Меѓународен Славјански Универзитет
30 октомври 2026Вториот ден беше посветен на темата „Психологијата во училиштето – поддршка, инклузија и соработка“, а своите стручни знаења и искуства ги споделија проф. д-р Мирослав Пендароски и проф. д-р Анита Ристеска.
Со огромен интерес и активна вклученост, голем број учесници беа дел од дискусиите и преку споделени искуства и практични примери придонесоа за динамична и конструктивна атмосфера, а настанот уште еднаш ја потврди важноста на психологијата во современото образование и потребата од размена на знаења, искуства и добри практики.


Упатуваме искрена благодарност до сите предавачи и учесници кои беа дел од овој дводневен форум и со својата активност придонесоа за неговата успешна реализација.
Големиот интерес и позитивната атмосфера се дополнителен поттик за организирање нови едукативни настани, стручни дискусии и можности за заедничко учење и професионален развој!





