
Над 200 учесници на вториот ден од онлајн форумот „Психологијата во образованието“ на Меѓународен Славјански Универзитет
31 октомври 2026
Едукативна посета на ЈОУДГ „Рахилка Гонева“- Свети Николе
2 ноември 2026Меѓународниот Славјански Универзитет, во соработка со УНИ Банка, организира работилница посветена на практичната примена на маркетингот во современиот банкарски сектор. Настанот ќе се одржи на 3 ноември 2026 година (вторник), од 11:00 до 13:00 часот, на кампусот на МСУ во Битола.
Целта на работилницата е студентите да се запознаат со современите маркетинг-стратегии и нивната примена во банкарското работење, како и со начините на кои теоретските знаења се претвораат во конкретни практични решенија. Посебно внимание ќе биде посветено на маркетинг-пристапите насочени кон младите, преку претставување на пакетот за млади UniQ на УНИ Банка.
Работилницата ќе ја реализираат проф. д-р Јулијана Силјаноска од Факултетот за економија и организација на претприемништвото при Меѓународниот Славјански Универзитет и м-р Гордана Петреска, претставник на УНИ Банка.

Преку оваа активност, студентите ќе имаат можност да стекнат увид во реалните маркетинг-практики во банкарскиот сектор, да се запознаат со предизвиците при креирањето и промоцијата на банкарските производи и услуги и да ја согледаат важноста на маркетингот во градењето успешни односи со клиентите.
Со организирањето на вакви работилници, Меѓународниот Славјански Универзитет продолжува да ја зајакнува соработката со деловниот сектор, создавајќи можности за поврзување на академското образование со практичните искуства и професионалниот развој на студентите.
Апликација



