
Едукативна посета на ЈОУДГ „Рахилка Гонева“- Свети Николе
2 ноември 2026Делегација на Меѓународен Славјански Универзитет, составена од проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор, Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор, и Иван Спасев, член на Управен одбор, пристигна во Ереван, Ерменија, за учество на меѓународниот „Ереван форум 2026 – Ерменија–Европа: образование, знаење и иновации“.
Настанот е посветен на 25-годишнината од основањето на Европскиот универзитет на Ерменија, со програма која се одвива од 2 до 5 ноември 2026 година и обединува меѓународни делегации од над 25 европски и азиски земји.
Делегацијата оствари и обиколка на Европскиот универзитет на Ерменија и неговите придружни членки (детска градинка, основно и средно школо), запознавајќи се со универзитетските простории и академската средина. Првиот ден од програмата беше посветен на состаноци со меѓународните делегации и културна програма.
Посетата претставува можност за размена на искуства со меѓународни академски партнери и разговори за идни форми на меѓууниверзитетска соработка.








