Денес во рамките на програмата Еразмус +, гости на Меѓународен Славјански Универзитет, во одделението во Битола, беа професори од Вишо училиште за агробизнис и развој на регионите од Пловдив. Тие во склоп на својата посета одржаа стручни предавања од областа на економијата со цел појаснување на банкарските системи во Бугарија.
Еден од предавачите, проф. д-р Мариана Асенова изрази благодарност и впечатоци од оваа посета.
Интервју со Проф. Д-р Мариана Асенова, Раководител на катедра за финансии во Вишо училиште по агробизнис и развој на регионите – Пловдив
„Ние сме група од четири професори, од Вишо училиште по агробизнис и развој на регионите – Пловдив, кои дојдовме на Меѓународен Славјански Универзитет во рамките на програмата Еразмус +. За прв пат ја посетуваме Македонија и доаѓаме во Битола и навистина сме пријатно изненадени од тоа што го видовме во градот и во просториите на универзитетот. Нашата задача е да ги зацврстиме нашите билатерални односи со соседната земја а воедно и да ги разгледаме можностите за подлабока соработка помеѓу двата универзитети. Денес пред студентите во одделението во Битола, одржавме предавање на тема : Тенденции во развитокот на банкарскиот систем во Бугарија. Бевме пречекани во прекрасна атмосфера со полн амфитеатар на заинтересирани студенти кои со внимание го следеа предавањето и поставија интересни и актуелни прашања поврзани со темата.
Од наше име и од име на Ректорот на Вишо училиште по агробизнис и развој на регионите, проф. Д-р Димитар Димитров се радуваме за оваа посета и се надеваме дека ова е само прва средба на долгогодишната идна соработка.
Ви благдариме за прекрасниот прием.“