Студиска програма
Управување со отпад

upravuvanje-otpad-msu-2024

Двегодишни студии

Име на студиската програма: Управување со отпад
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 16 (вклучувајќи магистерски труд и стручна пракса)
ЕКТС кредити на програмата: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер за управување со отпад
Годишна школарина: 1230 евра за четвртата година, 1730 евра за петтата година

Студиската програма Управување со отпад ги опфаќа сите аспекти на управувањето со отпад со што студентите ќе изучуваат детали за енергетскиот потенцијал на општините, методите за испитување и карактеризација на отпад, како и директивите и стандардите за заштита на животната средина.

Програмата е дизајнирана да обезбеди знаења и вештини неопходни за ефикасно управување со јавни служби и менаџмент на проекти, клучни компоненти за успешно справување со предизвиците во областа на управувањето со отпад.

Во напредните семестри, програмата се фокусира на технологијата на преработка на отпад, логистиката на отпад и екотоксикологијата, овозможувајќи им на студентите да развијат способности за иновативно решавање на проблемите поврзани со отпадот.

Изборните предмети како Доверливост и безбедност на технички системи и Психологија на бизнис им овозможуваат на студентите да ги прилагодат студиите кон своите интереси и кариерни цели.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Во последните семестри акцентот е ставен на одржливост на управувањето со отпад, управување со комунален отпад и менаџмент на одржување. Со комбинирање на теоретски знаења и практично искуство, студентите се подготвуваат да водат иницијативи за одржливо управување со отпад и да применат истражувања во реални ситуации. Изборните предмети како Основи на мултимедија нудат можност за проширување на вештините кои се применливи во широк спектар на професионални контексти.

Завршувајќи со стручна пракса и магистерски труд, студентите имаат уникатна можност да го применат своето знаење во пракса, истражувајќи конкретни проблеми и применувајќи иновативни решенија во областа на управувањето со отпад. Програмата за магистерски студии по Управување со отпад е дизајнирана да обезбеди знаења, вештини и компетенции на студентите кои им се потребни за да станат лидери и иноватори во областа на управувањето со отпад и заштитата на животната средина.

Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС. Во рамките на двегодишните студии се опфатени 16 предмети кои студентите треба да ги положат.

Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер за управување со отпад.

Програма
двегодишни студии

7 семестар

  • Енергетски потенцијал на општините
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Испитување и карактеризација на отпад
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Директиви и стандарди за заштита на животната средина
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Управување со јавни служби
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Менаџмент на проекти
    Изборен

    6 ЕКТС

8 семестар

  • Технологија на преработка на отпад
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Логистика на отпад
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Екотоксикологија
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Доверливост и безбедност на технички системи
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Психологија на бизнис
    Изборен

    6 ЕКТС

9 семестар

  • Одржливост на управувањето со отпад
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Управување со комунален отпад
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Менаџмент на одржување
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Операциони истражувања
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Основи на мултимедија
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Стручна пракса
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Магистерски труд
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Енергетска ефикасност
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Методологија и научна теорија
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Организациски менаџмент
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:

  • 1230 евра за четвртата година и
  • 1730 евра за петтата година.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image