Наставен кадар Факултет за технички науки и информатика
Почитувани студенти, Светот на технологиите се менува и развива најбрзо од сите останати индустрии. Факултетот за технички науки и информатика овозможува проекција, елаборација, конкретизација и апликација на содржини од областа на техничките науки низ високо квалитетен и современ процес на настава кој е во тек со брзиот технолошки развој и модерните текови во образованието во Европа и светот. Денес нашиот факултет е современа научно-образовна институција, со јасно дефинирана мисија, визија, цели и програмски определувања. ... Познато е дека научниците прашуваат „зошто?”, а инженерите прашуваат „зошто да не?”. Во реалноста, науката и инженерството се тесно поврзани, особено во областите кои ги нудиме на нашиот факултет. Наставниот процес на нашиот факултет е организиран според високи наставни принципи кои вклучуваат соодветност и индивидуализација на наставата, систематичност на наставниот пристап, креативно-критичка и творечка проактивност на студентите...