Зошто да студирате
технички науки и информатика?

Секогаш сте во подем
Секогаш сте во подем
Read More
„Техничките науки и информатиката се во првите редови на иновациите. Изучувањето на овие дисциплини обезбедува знаења и вештини кои придонесуваат за нови откритија во технологијата, обликувајќи ја иднината на различни индустрии.“
Голема флексибилност
Голема флексибилност
Read More
„Со стекнатите знаења има можности за работа на различни проекти, од развој на софтвер до компјутерски мрежи, што овозможува голема флексибилност во работата и ја негува креативноста.“
Многу кариерни можности
Многу кариерни можности
Read More
„Техничките и компјутерските науки имаат примена во сите сектори, вклучувајќи здравство, финансии, телекомуникациски компании и многу повеќе. Ова овозможува студентите да работат во области кои се во согласност со нивните инатереси.“
Квалитетна практична настава
Квалитетна практична настава
Read More
„Квалитетот на практичната настава дава големи предности и ги отвара вратите за вработување секаде во светот. Затоа што практичното знаење е најважно!“
cvetanka-mitrevska-2024

Проф. д-р Цветанка Митревска
декан

Обраќање
од деканот

Факултет за технички науки и информатика

Факултет кој е претпознатлив по праксата со професори кои се врвни експерти во својата област.

Додипломски студии
тригодишни

Факултетот за технички науки и информатика нуди четири студиски програми на додипломските студии.

Сите студиски програми се со времетраење од три години.

Последипломски студии
двегодишни

Факултетот за технички науки и информатика нуди четири студиски програми на последипломските студии.

Сите студиски програми се со времетраење од две години.

Предавања
и испити

Организација на семестри

Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри: зимски и летен.

Предавања

Студентите од секоја студиска програма вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.

Испити

Во текот на една академска година има 6 испитни сесии од кои три се редовни (јануари, јуни, септември), а три вонредни (април, октомври, ноември).

Практична работа

Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат компанија или организација каде ќе ја вршат истата.

Електронска и бесплатна литература

Литературата за голем дел од предметите е достапна на E-учење и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив.

Оригинален систем
на активно менторство

Модел на менторство

На почетокот на годината нашиот Центар за кариера доделува ментор за секој студент кој е постојано на располагање за сите прашања на студентите.

Постојано подобрување

Моделот на активно менторство секојдневно се усовршува и останува фокусиран на идејата за мотивирање на студентите да ги остваруваат своите амбиции.

Побрзо до целта

Со системот на активно менторство студентите можат да ги оформат и постигнат своите цели побрзо и поефективно отколку да работат сами.

Ваш личен советник

Менторот Ви дава совети за избирање на изборни предмети, теми за проектни активности, учество на семинари, конференции, проекти, студентска размена или меѓународни проекти.

Упис на
додипломски студии

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

За можните попусти кликнете овде.

Документи за упис

на додипломски студии
  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура
  • Свидетелства од сите 4 години
  • Копија од извод од матична книга на родените
  • Копија од државјанство
  • 4 мали фотографии во боја

Упис на
последипломски студии

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра или 1730 евра (за една година), зависно од избраната студиска програма во денарска противвредност.

За можните попусти кликнете овде.

Документи за упис

на последипломски студии
  •   Диплома за завршен прв циклус на студии
  • Уверение за положени испити
  • Копија од извод од матична книга на родените
  • Лична карта (на увид)
  • 4 мали фотографии во боја

Постави
прашање

CAPTCHA image