Зошто
да изберете право?

Одлуката да се запишете на Факултетот за правни науки ќе придонесе да ги развиете и унапредите Вашите комуникациски вештини, како и способности за решавање на комплексни проблеми. Овие вештини се применлививо правото, но истовремено и во секојдневниот живот и многу други професионални области.

Со тоа, Факултетот за правни науки пружа широк спектар опции за унапредување на кариерата, бидејќи ги стекнувате основните знаења за тоа како функционира општеството во кое живееме. 

По завршувањето на студиските програми Вие ќе имате критичко и аналитичко размислување за проблемите кои настануваат во општеството и нивното решавање.

Подготвени
за постојани промени

Правото како професија е се повеќе дефицитарно од аспект на квалитетен кадар кој што ќе може да одговори на брзото развивање на модерниот свет.

Во општество кое брзо се менува, Факултетот за правни науки е најдобрата институција која ги подготвува студентите да можат да се справат и квалитетно да ги следат измените на законите, да дебатираат за нив и да бидат подготвени еден ден и да ги изработуваат истите.

Ова на нашите студенти им овозможува полесно вработување и придонес кон квалитетна примена на законите во институциите каде што ќе работат.

Заштита
на правата и правдата

Како правник имате можност да ги штитите правата на поединците, да се борите против неправдата и да промовирате еднаквост.

Оваа професија ви овозможува да направите значителен позитивен придонес кон општеството.

Широк спектар
на кариерни можности

Правото нуди многу можности за специјализација и кариера во различни сектори.

По завршувањето на Факултетот за правни науки, откако ќе се стекнат со квалитетни вештини и познавања од областа на правото, со соодветна правна надградба, нашите студенти ќе имаат добра основа за во иднина да работат на сите работни места кои ги нуди оваа професија: адвокати, судии, обвинители, правници во фирми како и во државна и локална администрација и др.

Постави
прашање

CAPTCHA image