Постојан
раст и развој

Во 2014 година Факултетот за правни науки стана дел од фамилијата факултети при Меѓународен Славјански Универзитет. 

Факултетот за правни науки брзо се етаблираше како еден од водечките центри за високо образование во областа на правото. Факултетот има потпишано договори за соработка и пракса со Уставниот суд на Република Северна Македонија, Комората на извршители и Комората на нотари, со што се обезбедува непроценливо практично искуство за нашите студенти.

Во подготовка се и многу други договори со државни и приватни институции, што постојано ги збогатуваат можностите за пракса на нашите студенти.

Додипломски студии
четиригодишни

Последипломски студии
едногодишни

Подготвени за
свет кој постојано се менува

Нашиот Факултет за правни науки ги подготвува студентите за динамичен и променлив свет. Преку дополнителни обуки, работилници, конференции и издавање на публикации, студентите добиваат пристап до најновите материјали и истражувања од различни области.

Ова им овозможува да се подготват за успешна кариера во правото, стекнувајќи знаења и вештини кои се применливи во реалниот свет.

Современи програми за успешни правници

Средина
посветена на постојано учење

Нашиот Факултет за правни науки се стреми кон создавање на нови генерации правници подготвени за предизвиците на современиот свет. Нудиме современи студиски програми кои интегрираат теоретско знаење со практична примена, овозможувајќи им на студентите целосна подготовка за успешна кариера во правото.

Факултетот за правни науки е посветен на креирање средина која поттикнува критичко размислување, аналитички вештини и професионална етика. Со тим од млади ентузијасти и искусни експерти, нашите студенти се подготвени да се истакнат и да ги предводат промените во правниот сектор.

Постави
прашање

CAPTCHA image