Студиска програма
Административно право и јавна администрација

pravni-nauki-poslediplomski-msu (4)

Едногодишни студии

Име на студиската програма: Административно право и јавна администрација
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на правни науки – административно право и јавна администрација
Годишна школарина: 1530 евра

Современите трендови на пазарот на трудот наметнуваат потреба од кадар со потесна област на специјализација и владеење на конкретна проблематика. Студиската програма Административно право и јавна администрација е дизајнирана да обезбеди подлабоко разбирање и специјализација во областите на административното право и управувањето со јавните служби.

Оваа студиска програма е идеална за студенти кои сакаат да ги продлабочат своите знаења и вештини во административното право и да се подготват за водечки позиции во јавниот сектор. Програмата, меѓу другото, ги подготвува студентите да придонесат кон развојот ефикасни јавни служби, кои се темел на стабилна и функционална демократија.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Следејќи ги глобалните трендови за профилирање стручни кадри од областа на јавната администрација и државната администрација, Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет како неминовна и неопходна ја оцени потребата од воведување на специјализирана студиска програма која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини од оваа област, како и истото тоа да го примени во пракса.

Преку предметите во програмата им овозможуваме на студентите да развијат длабоко разбирање на правните и административни рамки кои управуваат со јавниот сектор не само во нашата земја, но истовремено и во земјите низ Европа. Ова знаење е од голема важност за оние кои планираат кариера во меѓународни организации или во домашни институции кои соработуваат со европски партнери.

Студиската програма Административно право и јавна администрација е наменета за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. По завршувањето на програмата студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС кредити.

Од изборните предмети се избира само по еден предмет за секој семестар.

Покрај успешно полагање на предвидените предмети, за стекнување на потребниот број кредити студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на студиите и стекнување со стручен назив Магистер на правни науки – административно право и јавна администрација.

Програма
едногодишни студии

9 семестар

  • Административно право на земјите од Европа
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Јавна администрација
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Локална самоуправа
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Теорија на управувачки системи
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Управување со јавни служби
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Антикорупциско право
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Академско пишување
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Институции на ЕУ
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Магистерски труд
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Административни процедури
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Административна култура и етика
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image