Проф. д-р Иван Ефремовски декан
Обраќање од деканот
Почитувани студенти,
Основната цел на Факултетот за правни науки е обезбедување образование на студентите кои на компаративен и интердисциплинарен пристап ќе стекнат теоретски и практични основи за македонското право и правото на ЕУ, а воедно и за нивните релевантни правни системи. Стекнатите апликативни знаења и системското разбирање на правните рамки ќе водат до подигнување на нивото за критичкото размислување; кон зголемена мотивација за академска анализа и истражување и совладување на процесот на академското пишување преку поставување на јасни аргументи, нивна правилна презентација, и секако, развој на комуникациските вештини.
Студирањето на Факултетот за правни науки, кое во согласност со концептот за модерното високо образование, води кон крајната цел: создавање кадар кој преку совладување не само на теоретските знаења, туку и со усвојување на техниките применливи во правната пракса ќе овозможи да се профилира кадар кој ќе се стекне со вештини и компетенции за работа во сферата на извршната, законодавната и судската власт, адвокатурата и нотаријатот, во разни владини и невладини организации, за работа во претпријатија и компании, како и во многу други национални, регионални и меѓународни асоцијации и организации.
Почитувани студенти, идни колеги - правници, вие сега сте присутни во средина исполнета со ентузијазам, знаење и креативност, во средина во која вашиот талент ќе дојде до израз, во институција исполнета со позитивни вредности и наставен кадар чиј мотив и цел се: помогни му на студентот, дај му можност, користи го неговиот ентузијазам, креативност и критичко мислење, надоградувај го неговиот талент, почитувај го неговото мислење, поттикнувај го лидерството кај него, развивај и негувај ги етичките и моралните вредности. Почитувани студенти, вашиот успех во исто време е и наш успех, успех на нашиот наставен кадар.
На крај, ќе упатам една мотивациска порака до вас:
Имајте оптимизам, истрајност, упорност, бидете посветени и фокусирани на вашето образование кое води кон крајната цел - успехот. Бидете одговорни зашто одговорноста е вредност и карактеристика на добрите, чесни, способни и квалитетни луѓе.
Ви посакувам среќа и успех во процесот на студирање!