Зошто да студирате правни науки?
Обраќање од деканот
Почитувани студенти,
Основната цел на Факултетот за правни науки е обезбедување образование на студентите кои на компаративен и интердисциплинарен пристап ќе стекнат теоретски и практични основи за македонското право и правото на ЕУ, а воедно и за нивните релевантни правни системи.
...
Факултетот ги поддржува студентите во развивањето на нивните практични вештини преку реализираните вежби, анализата на случаи од практиката, пишувањето акти, симулацијата на судења, студиите на случаи итн. Практичната работа се презентира и од страна на гости предавачи, кои се истакнати експерти во својата област. ..
Проф. д-р Иван Ефремовски декан
Факултет за правни науки
Додипломски студии четиригодишни
Нашиот факултет една студиска програма на додипломските студии. Студиите се со времетраење од четири години.
Последипломски студии едногодишни
Нашиот факултет нуди пет студиски програми на последипломските студии. Студиите се со времетраење од една година.
Предавања и испити
Организација на семестри
Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри: зимски и летен.
Предавања
Студентите од секоја студиска програма вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.
Испити
Во текот на една академска година има 6 испитни сесии од кои три се редовни (јануари, јуни, септември), а три вонредни (април, октомври, ноември).
Практична работа
Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат компанија или организација каде ќе ја вршат истата.
Електронска и бесплатна литература
Оригинален систем на активно менторство
Модел на менторство
На почетокот на годината нашиот Центар за кариера доделува ментор за секој студент кој е постојано на располагање за сите прашања на студентите.
Постојано подобрување
Моделот на активно менторство секојдневно се усовршува и останува фокусиран на идејата за мотивирање на студентите да ги остваруваат своите амбиции.
Побрзо до целта
Со системот на активно менторство студентите можат да ги оформат и постигнат своите цели побрзо и поефективно отколку да работат сами.
Ваш личен советник
Менторот Ви дава совети за избирање на изборни предмети, теми за проектни активности, учество на семинари, конференции, проекти, студентска размена или меѓународни проекти.
Упис на додипломски студии
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
За можните попусти кликнете овде.
Документи за упис
на додипломски студии-
Диплома за положена државна или меѓународна матура
-
Свидетелства од сите 4 години
-
Копија од извод од матична книга на родените
-
Копија од државјанство
-
4 мали фотографии во боја
Упис на последипломски студии
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
За можните попусти кликнете овде.
Документи за упис
на последипломски студии-
Диплома за завршен прв циклус на студии
-
Уверение за положени испити
-
Копија од извод од матична книга на родените
-
Лична карта (на увид)
-
4 мали фотографии во боја