Студентите од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет, под менторство на проф. д-р Горица Поповска Налевска, во летниот семестар реализираа четиринеделна практична настава во основни и средни училишта во Битола. Оваа пракса беше насочена кон применување на теоретските знаења во реална училишна средина, каде студентите имаа можност директно да работат со ученици и да се стекнат со вредни искуства.
Успешноста на практичната настава ги поттикна студентите од втора година да организираат завршна работилница со учениците на тема „Справување со насилно однесување и конструктивно решавање на конфликти“. Оваа работилница беше одлична прилика студентите да ги применат своите знаења во пракса и да помогнат во развојот на важни социјални вештини кај учениците.
Изразуваме голема благодарност за отворената соработка со ОУ „Св.Кирил и Методиј“, ООУ „Елпида Караманди“ и СОУ „Таки Даскало“ од Битола. Особена благодарност до училишните психолози кои посветено работеа со нашите студенти и ги водеа низ процесот на практичната настава, споделувајќи свои искуства и знаења.
Овој тип на практична настава не само што придонесува за професионалниот развој на студентите, но истовремено позитивно влијае на учениците, нудејќи им нови перспективи и методи за справување со предизвиците во секојдневниот живот.
Уписите на Факултетот за психологија се во тек.