Во амфитеатарот на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола се одржа промоција на книгата „Основи на WEB технологии“ од проф. Д-р Хаџиб Салкиќ. За книгата зборуваа Доц. Д-р Жанета Сервини и проф. Д-р Махир Зајмовиќ.
Книгата е издадена годинава и има за цел да ги покаже можностите за користење на веб-технологиите од ова време и тенденцијата на развој преку неколку единици по избор на авторот. Книгата е напишана на 420 страници и опфаќа 27 теми и дава значаен придонес во професионалната литература.
Професорот Салкиќ работи на Универзитетот Витез во Босна и Херцеговина, каде предава предмети од областа на компјутерските науки. Предава и предмети на Факултетот за информатика при Меѓународен Славјански Универзитет. Има напишано повеќе од 40 научно истражувачки трудови од областа на компјутерските науки и електронскиот бизнис. Има објавено и неколку стручни книги.