На 07.06.2019 година во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе, се одржа првата седница на Конференцијата на Приватни Високообразовни Установи (КПВУ) во која членуваат 11 приватни високообразовни установи (осум Универзитети и три високи стручни школи). Главна точка на дневен ред на таа седница беше утврдување можности за подобрување на квалитетот во високото образование во Република Северна Македонија во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации, кој се имплементира преку Министерство за образование и наука.
Членовите на КПВУ донесоа одлука за покренување иницијатива за повторно потпишување билатерален договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција за добивање на ЈОК акредитација.
На седницата се дискутираше и за несоодветниот третман на приватните високо образовни институции во рамки на работењето на Интеруниверзитетската конференција во која членуваат сите приватни Универзитети во Република Северна Македонија и се донесоа заклучоци за натамошно дејствување на КПВУ во врска со таквата појава.