Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите од Штип, во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, СОУ „Коле Нехтенин“, СОУ „Славчо Стојменски“, СОУ „Димитар Мирасчиев“ и СОУ „Јане Сандански“.
Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, можностите за стипендии и останатите отворени конкурси.
Со нас беше и студентката Моника Никовска од Штип која своето средно училиште го има завршено во гимназијата „Славчо Стојменски“, таа на матурантите им ги пренесе своите импресии од нашиот факултет. Моника е една од најдобрите студентки на нашиот факултет која преку конкурсите за стипендија ја има добиено стипендијата од факултетот и сите четири години го има задржано својот просек, a зема и државна стипендија. Таа е студент на факултетот за правни науки и на практичниот дел од наставата ги има посетено криминалистичкиот музеј во Скопје, основниот суд во Свети Николе, затворот во Куманово, криминалистичкиот оддел во Штип и многу други. Преку факултетот ги има посетено Србија, Бугарија и Русија.
„Покрај тоа што имавме прилика да посетиме повеќе факултети во Тамбов и да го видиме начинот на кој тие се надоградуваат на интелектуално ниво, исто така имавме прилика и да ги вкусиме нивните традиционални специјалитети. Нивната гостопримливост беше на највисоко ниво како и организацијата од нивна страна која ни овозможи незаборавен помин и едно прекрасно искуство кое секогаш ќе ми остане во сеќавање.“ – вели Моника за посетата во Русија.
И годинава планираме да ги посетиме сите градови во Република Северна Македонија. Следете нe’ за да дознаете кога ќе дојдеме токму во Вашиот град!
15 години Меѓународен Славјански Универзитет.