Факултет за психологија

Зошто да студирате психологија?

Зошто да студирате

Без разлика што или каде ќе работите во иднина, знаењата од областа на психологија ќе ви бидат многу корисни во животот.

Шанса да го разберете светот

Вие ќе можете да го процените однесувањето на различни типови луѓе во дадена ситуација, ќе знаете како да ја подобрите вашата интеракција со нив.

Каде би работеле?

Општо земено, нивото на невработеност кај психолозите е ниско, затоа што огромен број институции имаат потреба од психолози, како што се клиниките, правните и образовните институции, истражувачките центри, маркетинг секторот, центри за ментално здравје, разни организации…

Наука во подем

Помагањето го прави светот подобро место за живеење. Може да го смени животот некому, а причинува задоволство и на оној кој помага.

parallax background

За факултетот

Практични знаења и вештини

Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола Ви нуди можност да учите од најдобрите професионалци од областа на психологијата. Ќе се стекнете со непроценливи знаења и вештини кои несомнено ќе ве направат психолози спремни да се соочат со предизвиците на денешното живеење!
240 ЕКТС

ДОДИПЛОМСКИ
СТУДИИ


Нашиот факултет на студентите им нуди една општа насока на четиригодишните додипломски студии..

Главната цел на додипломските студии е да ги запознае студентите со важните и суштинските поими од психологијата, кои ќе бидат квалитетна основа за продолжување на нивната кариера во конкретна психолошка дисциплина..


повеќе детали
300 ЕКТС

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ
СТУДИИ


Факултетот за психологија нуди две насоки на последипломските студии. Од последипломските студии нудиме специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС) и магистерски (петта година – до 300 ЕКТС).

Последипломските студии по психологија се чекор понапред кон насочување кон една дисциплина во психологијата низ теорија, спроведување истражувања и квалитетна практична настава..

Доколку сакате да имате длабоки познавања за однесувањето, мислите, интеракциите и реакциите на луѓето, сакате да градите кариера како успешен психолог и себеси се гледате како иден магистер на психолошки науки, тогаш разгледајте ги подетално насоките кои ги нудиме.


повеќе детали

Информации за студенти

Предавања и испити

Организација на семестри

Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри, зимски и летен. Зимскиот семестар започнува на 1 октомври и трае до 14 февруари наредната година, а летниот започнува на 15 февруари и завршува на 30 јуни.

Распоред на активностите

Студентите од секоја насока вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.

Предавања

Наставата од Факултетот за психологија се изведува во Битола и Свети Николе, односно секој студент ја следи онаму каде се има запишано.

Практична настава

Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат компанија или организација каде ќе ја вршат истата. Можат да изберат некоја од институциите со кои универзитетот има договор или пак институција по нивни избор.



parallax background
Електронска и бесплатна

ЛИТЕРАТУРА

Литературата за голем дел од предметите на Факултетот за психологија е достапна на сервисот за E-учење на нашата веб страна и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив.
На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.

Наши изданија за наши студенти

Дополнително, литература во печатена форма е достапна во студентската книжарница. Дел од нашите професори имаат изготвено и учебници и скрипти кои можат да се набават по пристапни цени. Учебниците се издаваат од официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета. Студентите не се обврзани да ги купуваат материјалите.

Учебниците можат и да се позајмуваат

Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти. Истите изданија кои се оставени на продажба во книжарницата од библиотеката може да се позајмат бесплатно.

Нов модел

Помош и менторство

Модел на менторство

На почетокот на годината можете да го посетите нашиот Центар за кариера и да побарате да Ви биде доделен ментор. Менторот може да Ви го додели Центарот за кариера, а можете да го изберете и сами.

Менторот ќе Ви ги даде насоките

Центарот за кариера на универзитетот е на располагање постојано за сите прашања на студентите. Наша цел е на сите студенти да им овозможиме пријатна атмосфера која ќе им помогне на студентите да го остварат својот академски потенцијал.

Кои се карактеристиките на добар ментор?

Менторот го охрабрува својот студент, му дава совети и го бодри да оди напред кон поголеми успеси и достигнувања.

Зошто менторството е добро за студентот?

Менторот ќе Ви помогне да согледате каде се наоѓате сега, каде сакате да бидете и како да стигнете до таму. Ќе укаже на потребните промени за совладување на дадени препреки со цел да го подобри Вашиот професионален развој.

Декан на факултетот

проф. д-р
Анита
РИСТЕСКА


Редовен професор

„Почитувани студенти,

„Изборот на факултетот и идната професија се важни одлуки на секој млад човек. Современиот начин на живеење и се повисокиот степен на заинтересираност на луѓето да ја опишат и разберат сопствената личност, но и личноста на другите околу себе, ја направи психологијата една од поважните професии, а потребата од психолози во сите сегменти од општеството е се поголема...“

...

„Целта на факултетот за психологија е студентите во текот на своите студии да се стекнат со знаења и вештини поврзани со психичките процеси, особините и однесувањето на индивидуата, но и со техники и инструменти со кои ќе ги решаваат проблемите кои што влијаат врз нејзино успешно функционирање во средината.“

...


Прочитајте го целото обраќање
Сите информации на едно место

Упис на додипломски студии

Сите информации на едно место

Упис на последипломски студии

Документи за упис

  • Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  • Свидетелства од сите 4 години;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • Копија од државјанство;
  • 4 мали фотографии во боја

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.

Документи за упис

  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • Уверение за положени испити;
  • Копија од лична карта;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • 4 мали фотографии во боја

Школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.