Зошто да студирате економија

Економијата е насекаде

Бидејќи ова е науката за која во текот на поновата историја постоел најголем интерес. Економијата е насекаде, навлезена е длабоко во нашите животи, присутна е во нашите лични одлуки, дури и во оние секојдневните кои неретко изгледаат толку банално, како одлуката како да го потрошиме нашето време, нашите пари или пак каде да живееме.

Економијата значи разбирање

Исто така, таа ни овозможува да ги разбереме причините за појавата на големите светски економски кризи, причините за невработеност, инфлација, за тоа како функционираат берзите, зошто некои земји се во сиромаштија, додека други се толку многу успешни итн.  Економијата е нашата сегашност и нашата иднина.

Доколку сте креативни и мотивирани припаѓате овде

Менаџментот и економијата се тесно поврзани со креативноста и иновациите, па така ние ги инспирираме нашите студенти да размислуваат на нови начини.

Она што секој работодавач најмногу го цени е мотивација, интелигенција и способност за работа. Дипломата од Факултетот за економија е потврда дека ги имате сите тие квалитети.

Искористете го Вашиот максимален потенцијал

Познатиот француски економист Фредерик Бастиа рекол:

„Лошите економисти се ограничуваат на видливи ефекти, а добрите ги земаат в предвид, покрај видливите, и ефектите кои треба да се предвидат”.

Затоа, предвидете ги ефектите од вашето студирање на Факултетот за економика и организација на претприемништвото, бидете дел од групата на добрите економисти! Богатството, односно капиталот, е психолошки феномен. Во тој случај, што друго е капиталот – ако не ум?! Затоа, искористете ја моќта на умот и бидете успешни! 

Дополнителни активности за градење добра кариера

Нашиот факултет организира и конференции, како и бесплатни работилници и предавања кои ќе Ви помогнат да си ги надополните Вашите знаења, да развивате специфични вештини, да се дружите со Вашите колеги и да се усовршувате. Следете ги нашите Facebook настани за да не испуштите ништо!

Каде би работеле?

Менаџерите и економистите се потребни во секоја фирма, без исклучок. Најчести работни позиции кои ги добиваат нашите студенти се во банка, во приватни фирми, сметководствени бироа. За дипломираните студенти и магистрите од Факултетот за економија исто така има место во одделенијата за човечки ресурси, маркетинг секторите итн.

Нашите студенти со претприемачки дух веќе имаат започнато и сопствени бизниси. Можеби треба да размислите и во таа насока. Сè што ви треба е идеја и добар бизнис план.

Главната задача останува на Вас. Размислете за академските и професионалните цели кои сакате да ги постигнете, редовно следете ги предавањата и планирајте.