Институтот за инженерска економија при Меѓународниот Славјански Универзитет за првпaт воведе обука за CNC програмери и оператори која можеа да ја слушаат и посетуваат не само студентите на факултетите за информатика, туку сите што се заинтересирани да ја совладаат оваа програма. Денес (10.09.2022) на нашиот кампус во Свети Николе, во просториите на CNC академијата се одржуваат првите часови од практичниот дел, односно работење со CNC машини.
Практичниот дел се состои од пуштање на машина и изработка на модел. Секој кандидат изработува посебен 3D модел. По успешно завршената обука, учесниците добиваат сертификат на македонски и германски јазик.
Во прилог можете да ги погледнете фотографиите од практичниот дел.