
Започна реализацијата на практичниот дел од CNC обуката за програмери и оператори – 4 на МСУ во Свети Николе
10 септември 2022
Победа за нашите девојки од ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет
23 септември 2022Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на пет професори од Универзитетот „Св. св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, кои престојуваа на Универзитетот во рамки на Еразмус+ мобилност за наставен кадар.
Наставната мобилност се реализираше во периодот од 21 до 24 септември 2022 година, со учество на професори од различни факултети и оддели при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“:
- проф. д-р Даниела Тасевска;
- проф. д-р Маријана Николова;
- вонр. проф. д-р Милена Моцинова-Брачкова;
- проф. д-р Николај Канев;
- проф. д-р Ценка Иванова.
Во текот на престојот, професорите реализираа наставни активности и остварија академска размена со наставниот кадар и студентите на Меѓународен Славјански Универзитет. Мобилноста придонесе за споделување знаења, искуства и добри практики, како и за зајакнување на соработката меѓу двете високообразовни институции.
Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да ја развива соработката со партнерските институции преку Еразмус+ програмата, создавајќи можности за академска размена и професионален развој на наставниот кадар.




