Нашите студенти формираа неформално здружение во 2007 година. Истото е официјално основано во 2009 година под името Здружение на студенти Меѓународен Славјански Универзитет. Преку нашето студентско здружение и алумни клубот се обидуваме нашите сегашни студенти и алумни да ги вклучуваме во разни активности. Ние го охрабруваме учеството на Здружението на студенти во програмата Еразмус +, и тие ни помагаат во процесот на вклучување на студентите во активности на мобилност преку систем на пријател.



Најголемата предност на Здружението на студенти е можноста што им се пружа на студентите да се дружат едни со други и да споделуваат идеи, иновации, креативност. Студентското здружение има многу активности во текот на академската година и, генерално, нивните активности се засноваат на учество и организирање на настаните на универзитетот. Преку Здружението на студенти се организираат бесплатни работилници и курсеви за обука за нашите суденти, но и за други заинтересирани граѓани. Студентите организираат работилници, добротворни настани, акции за дарување крв, студентски забави и патувања на терен.

Заедно со Здружението на студенти вложуваме напори за интеграција на мобилните студенти. Ова се постигнува со ангажирање на локални студенти да им помагаат на дојдовните студенти, пред и за време на периодот на мобилност. Локалните студенти можат да им помогнат на дојдовните студенти со тоа што ќе се сретнат со нив на аеродромот, ќе им помогнат да најдат сместување и да ги објаснат секојдневните културни предизвици со кои може да се сретнат во земјата во која доаѓаат.

Нашите алумни главно се вклучени во активностите за споделување на своите искуства, особено меѓународните искуства, а ние исто така ги вклучуваме и за поддршка на дополнителните можности за нашите сегашни студенти. На пример, тие поддржуваат истражувачки активности, ги поврзуваат нашите студенти со деловниот сектор или нивните сегашни работодавци и, генерално, ни помагаат да дадеме пример за идните генерации на студенти.

Контакт информации