Викендов група студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ под името „Державинци“ учествуваше на два фестивали за антифашистички песни во Бугарија.
Фестивалите насловени „Серебряные жаворонки“ и „Алёша“ се одржаа во Софија и заедно имаа повеќе од 1300 учесници од Бугарија, Русија и Молдавија. Нашите „Державинци“ беа единствената група која настапи од Македонија.
Тие пееја на руски јазик и се претставија со песната „Майский вальс“, а водечки вокал беше нашата студентка Анастазија Даневска.
Настапите беа оценувани од стручно жири, а лауреатите од двата фестивали ќе настапат на гала-концерт во ноември во Софија.
Наградите за настапот на нашите „Державинци“ ги врачи доц. д-р Емилија Лазарова од фондацијата „Устойчиво развитие за България“.