Денес Друштвото на писателите на Македонија го одбележа своето 69-годишно постоење со наградување на најдобрите книжевни остварувања во 2015.
По повод 69-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, Меѓународниот славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ на македонската писателска асоцијација и донираше 500 евра за што денес на Ректорот проф. д-р Душан Николовски му беше врачена Благодарница.
Денеска награди им беа врачени на петмина добитници: наградата „Стале Попов“ на Оливера Николова за прозната книга „Кадифената покривка“; „Ацо Шопов“ на Славе Ѓорго Димоски за стихозбирката „Јазичен триптихон“, наградата „Димитар Митрев“ за есеи и критика на Весна Мојсова-Чепишевска за книгата „Семеен албум“; „Ванчо Николески“ – наградата за литература за деца му беше врачена на Велко Неделковски за книгата „Златко – Златец“, а наградата „Книжевен мост“ за најдобра книга на некој од јазиците на националностите на писателот ја доби Јусуф Едип за стихозбирката „Прашинка“ објавена на турски и на македонски јазик.