На 28-ми јануари 2021 година, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организираше стручна онлајн работилница „НЕВРОМАРКЕТИНГ – револуционерно поле на маркетинг истражувања“. Предавач на работилницата беше нашиот проф. д-р Сашо Манасов, одличен познавач на оваа современа технологија, со теоретско и практично искуство и знаење во невромаркетинг истражувања, и креатор и менаџер на лабораторија за невромаркетинг на МСУ „Г. Р. Державин“.
На работилницата зедоа учество 40 учесниици од Република Северна Македонија (и 2 учесници од Босна и Херцеговина) од различни средини: универзитетски професори, од медиумскиот простор, банкарскиот сектор, јавни претпријатија, приватни бизнис компании, биро за образование и други.
Работилницата разбуди голем интерес од учесниците и се разви интересна интерактивна дискусија. Се креира средина за идна соработка на истражувачки проекти во кои би се вклучиле поединци од различни институции од јавниот и приватниот сектор, како од нашата држава така и пошироко.
Секој учесник ќе добие сетификат за учество и книга СОВРЕМЕН МАРКЕТИНГ (колор издание од 150 страни, автори Сашо и Иван Манасови).