Во Св. Николе беше потпишан Договор за соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Педагошкиот факултет од Врање.
Потписници на договорот беа ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски од едната страна и деканот на Педагошкиот факултет, проф. д-р Сунчица Дениќ и продеканот за настава проф. д-р Благица Златковиќ.