Меѓународен Славјански Универзитет продолжи со своите презентации низ средните училишта. На 20. март 2024 година, нашиот тим одржа повеќе презентации пред матурантите во Струмица, претставувајќи им го богатиот спектар на студиски програми, можностите за финансиска поддршка и студентскиот живот на МСУ. Со ова, универзитетот сака да им помогне на идните студенти подобро да ги разберат можностите кои им се нудат и да ги поттикне да размислат за нивната академска иднина.
Во Струмица, нашиот тим посети две средни училишта – СОУ „Никола Карев“ и СОУУД „Димитар Влахов“, каде што имаше прилика директно да разговара со матурантите, да ги слушне нивните прашања и да им понуди одговори за процесот на студирање. Презентациите се дел од традиционалната иницијатива на МСУ, која годинава ја носи дополнителни предности токму поради одбележувањето на 20-годишнината од основањето на универзитетот.
Посетата на училиштата во Струмица е само уште еден чекор кон реализацијата на нашата цел да ги информираме и инспирираме младите низ целата држава за можностите што ги нуди високото образование на МСУ. Со ова, МСУ потврдува дека останува посветен на поддршката и развојот на идните генерации студенти, нудејќи им врвни образовни програми и можност за раст и развој во секој аспект на нивното образование и професионално усовршување.