
Светски познати личности и инспиративни предавања на третиот ден од Cannes Lions 2026
27 јуни 2026
Меѓународен Славјански Универзитет дел од Д Фестивал 2026 во Штип
27 јуни 2026Во периодот од 22 до 26 јуни 2026 година, Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на Седеф Сојлер, вработена во Универзитетот „Чанкири Каратекин“ од Република Турција, која престојуваше во рамки на програмата Еразмус+ за мобилност за обука.
Во текот на посетата беше реализирана средба со проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, на која беа разменети искуства и мислења за значењето на меѓународната академска соработка, како и за можностите што ги нуди програмата Еразмус+ во насока на професионален развој и институционално поврзување.
Мобилноста успешно заврши на 26 јуни 2026 година, при што беа реализирани планираните активности и беше потврдена заедничката определба за понатамошно зајакнување на академската и административната соработка меѓу двете институции.




