3-ти декември е Меѓународен ден на лицата со попреченост и на овој ден акцент се става на потребите и проблемите со кои се соочува оваа категорија на граѓани. Но не само на овој ден туку и во секој нареден општеството треба да обезбеди непречено функционирање, еднаков пристап и третман на рамноправни граѓани на општествената заедница.
Овој ден беше одбележан и на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола со реализација на предавање за подигнување на јавната свест и одговорност за лицата со попреченост со посебен осврт на психолошките аспекти на инклузивното образование.
Попреченоста е прашање на перцепција. Заедно можеме да ги надминеме предрасудите, стереотипите и дискриминацијата на лицата со попреченост!
Предавачи на настанот беа доц. д-р Горица Поповска Налевска, од Факултетот за психологија при МСУ, Марија Младеновска Димитровска, училишен психолог во СОУ „Таки Даскало” а воведно излагање имаше д-р Анита Ристеска од Факултет за психологија при МСУ.