Меѓународен Славјански Универзитет и Високата школа за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија организираат Меѓународна Летна Лидерска Академија „Политичкото лидерство како бренд на државите“, која ќе се одржи во Скопје и Свети Николе, Република Северна Македонија.
На летната академија за лидерство ќе учествуваат студенти и докторанди од Република Бугарија и Република Северна Македонија. На Меѓународната Летна Лидерска Академија можат да се пријават сите студенти.
Во прилог можете да ја разгледате предвидената програма за настанот:
14.00 – 14.15 | отворање на Меѓународна Летна Лидерска Академија – Миглена Темелкова – ректор на Висока школа за телекомуникации и пошти и Јордан Ѓорчев – претседател на Управен Одбор на МСУ |
14.15 – 16.00 | Владо Бучковски – поранешен премиер на Република Северна Македонија и Емил Димитриев – поранешен премиер на Република Северна Македонија |
16.10 – 17.10 | Никола Поповски – поранешен претседател на собранието и поранешен министер за финансии – професор на Меѓународниот Славјански Универзитет |
12.30 – 13.00 | регистрација
сала хотел „.Континентал“ |
13.00 – 13.50 | Ива Митева – потпретседател на 47. Народно собрание на Република Бугарија, претседател на 45. и 46. Народно собрание на Република Бугарија.
Момчил Иванов – пратеник во 47. Народно собрание на Република Бугарија. |
14.00 – 14.50 | Петaр Витанов – пратеник во Европскиот парламент |
15.00 – 16.00 | ген. Стефан Јанев – Претседател на Владата на Република Бугарија во периодот мај 2021 – декември 2021 година |
20.00 | гала вечера во ресторан Mayberry Highway – Свети Николе |
9.30 – 10.00 | регистрација
сала хотел „Континентал“ |
10.00 – 11.00 | Сумирање на тезите развиени за време на Петтата меѓународна летна академија за лидерство |
На Меѓународната Летна Лидерска Академија можат да се пријават сите студенти. Вкупните трошоци за учество на Меѓународната Летна Лидерска Академија за студентите од Република Северна Македонија изнесуваат 65 евра.
Во сумата е вклучено учество во програмата на Меѓународната Летна Лидерска Академија, сертификат и гала вечера. Инструкции за плаќањето ќе добиете по пополнување на апликацијата.
Пријавувањето се врши електронски со потполнување на формата која е дадена на оваа страница. По пополнување на формата ќе бидете контактирани од нашиот тим за да Ви бидат дадени подетални инструкции за настанот.
Повеќе информации можете да добиете на obuki@msu.edu.mk