
Доц. д-р Милена Спасовска од МСУ со предавање во Автономниот универзитет во Мадрид
25 април 2026
Свечено промовиран најновиот труд на проф. д-р Живко Митревски
28 април 2026Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да ја зацврстува својата позиција како современа академска институција активно вклучена во европските образовни и иновативни процеси, преку потпишување на Меморандум за соработка во рамки на значајниот европски проект SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings / Centres of Vocational Excellence.
Овој чекор претставува значајно признание за капацитетот, визијата и стратешката ориентација на Меѓународен Славјански Универзитет кон развој на знаење, современи вештини и активно учество во меѓународни партнерства кои ја обликуваат иднината на високото образование.
Со потпишувањето на Меморандумот, се отвораат нови можности за развој на Knowledge Triangles (KT’s) – модел кој ги поврзува образованието, истражувањето, иновациите и практичната примена на знаењата. Посебен фокус ќе биде ставен на областа на паметната електрична енергија за згради, зелената транзиција и новите компетенции потребни за современиот пазар на труд.




Во рамки на проектот SEBCoVE, досега се воспоставени соработки и со други водечки високообразовни институции во државата, меѓу кои УКЛО, УГД и УКИМ, што дополнително ја позиционира Меѓународен Славјански Универзитет како важен дел од националната и европската академска мрежа.
Преку ова партнерство, студентите и академскиот кадар на Меѓународен Славјански Универзитет ќе добијат пристап до нови можности за мобилности, студиски посети, размена на искуства, учество во меѓународни активности и соработка со европски партнерски организации и универзитети.
SEBCoVE создава мост помеѓу универзитетите, стручниот сектор, компаниите и иновациските екосистеми, а вклучувањето на Меѓународен Славјански Универзитет во оваа иницијатива е уште една потврда за неговата посветеност кон европски вредности, модерно образование и развој на генерации подготвени за иднината.




