
Студентите на Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа во меѓународната BIP програма во Бугарија
24 април 2026
Меѓународен Славјански Универзитет потпиша Меморандум за соработка во рамки на европскиот проект SEBCoVE
27 април 2026Доц. д-р Милена Спасовска, продекан на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет, во изминатиот период реализираше успешна посета на Автономниот универзитет во Мадрид, каде одржа предавање на тема:
„Семејството како контекст за раст и развој“
Во рамки на посетата реализирана преку Еразмус+ програмата беа остварени и значајни средби со претставници на универзитетот насочени кон унапредување на меѓуинституционалната соработка, со акцент на идни активности, мобилности, заеднички проекти и истражувачки активности.
Оваа посета придонесува кон зајакнување на академските партнерства и отвора нови можности за меѓународна соработка.











