
Студенти од Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа на BIP програмата во Чешка
29 април 2026
МСУ на настан од Формула 1 Академија и The Female Quotient
5 мај 2026Во периодот од 27–28 април 2026 година, во рамки на маркетинг конференцијата POSSIBLE 2026 во Мајами, Флорида, се одржа и престижниот FQ Lounge @ POSSIBLE, организиран од The Female Quotient – глобална платформа која создава простор каде жените можат да ги споделуваат своите приказни и да бидат слушнати.
Михаела Ѓорчева и Иван Спасев од Меѓународен Славјански Универзитет беа дел од панелите кои обединија дел од највлијателните имиња во светот на маркетингот, медиумите и дигиталната комуникација. FQ Lounge често организира настани во партнерство со некои од најголемите светски компании и глобални форуми како Светскиот економски форум во Давос, Cannes Lions, Super Bowl, како и настани поврзани со Формула1.
POSSIBLE е еден најголемите маркетинг настани во светот, затоа што ги обединува најголемите глобални компании, медиуми, агенции и платформи на едно место. Настанот привлекува директори и маркетинг директори, бренд менаџери, медиумски експерти, истражувачи и претставници на најголемите светски корпорации, кои разговараат за иднината на потрошувачкото однесување, дигиталниот маркетинг, вештачката интелигенција и улогата на социјалните медиуми.









Меѓу најпознатите компании кои учествуваа и говореа на FQ Lounge се глобални брендови кои се добро препознатливи и за македонската публика, како Amazon Web Services, The New York Times, Yahoo, LinkedIn, TikTok, Pinterest, Bloomberg Media, NBCUniversal, L’Oréal, Unilever, Snapchat, NFL, Zillow и The Hershey Company.
Присуството на Михаела Ѓорчева има особена важност бидејќи нејзиното докторско истражување е фокусирано на маркетинг, однесување на потрошувачите и влијанието на социјалните медиуми. POSSIBLE овозможува директен контакт со најголемите брендови и маркетинг лидери кои ги дефинираат современите стратегии за комуникација и дигитална трансформација.
За истражувач во областа на маркетингот, учеството на ваков настан претставува можност да се следат актуелните глобални трендови, да се разберат механизмите преку кои брендовите градат доверба и заедници, како и да се согледа како големите компании ја користат вештачката интелигенција, медиумите и социјалните платформи за да влијаат врз современиот потрошувач. Оттаму, присуството на FQ Lounge @ POSSIBLE има значење не само како професионално вмрежување, но и како важен академски увид во современите маркетинг практики на глобално ниво.




