
Студенти од Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа на BIP програмата во Чешка
29 април 2026
Мајами: МСУ на FQ Lounge на конференцијата POSSIBLE 2026
5 мај 2026Три студентки од Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа на комбинираната интензивна програма (BIP) на тема „Дезинформации, вештачка интелигенција и безбедност: предизвици и прашања во дигиталната ера“, во рамки на програмата Еразмус+. Програмата се одржа од 27 април до 1 мај 2026 година во Пловдив, Бугарија, со активности во Академијата за национална и информациска безбедност.
Во текот на програмата, студентките имаа можност да проследат предавања посветени на заштитата на личните податоци, влијанието на вештачката интелигенција врз безбедноста и предизвиците што ги носат дезинформациите во дигиталното општество. Посебно внимание беше посветено на правните механизми на Европската Унија за справување со дезинформациите, како и на хибридните напади врз стратешката инфраструктура. Академските содржини беа дополнети со практична обука за сајбер-безбедност и активности на дигитално стрелиште.
Покрај едукативниот дел, програмата вклучуваше и културна посета на Пловдив, преку која студентките имаа можност да се запознаат со градот и неговото културно наследство. Програмата заврши со свечено доделување сертификати.
Учеството во вакви меѓународни програми им овозможува на студентите да ги прошират своите знаења, да стекнат практични искуства и да развиваат вештини за справување со современите предизвици. Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да ја поддржува меѓународната мобилност како значаен дел од академскиот и професионалниот развој на своите студенти.








