Студиска програма
Компјутерски системи и мрежи

kompjuterski-sistemi-i-mrezi-2-ciklus-msu

Двегодишни студии

Име на студиската програма: Компјутерски системи и мрежи
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Вкупно предмети: 16 
Вкупно ЕКТС: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по информатика – компјутерски системи и мрежи
Годишна школарина: 1530 евра за четврта година, 2030 евра за петта година

Современите трендови на пазарот на трудот наметнуваат потреба од кадар со потесна област на специјализација и владеење на конкретна проблематика. Брзите промени наметнуваат потреба од ангажирање стручни и професионални кадри, специјалисти и добри познавачи од областа на информатички науки, особено имплементирање на современи компјутерски системи и мрежи.

Студиската програма Компјутерски системи и мрежи им овозможува на идните студенти да се запознаат со основните концепти заеднички за сите модерни оперативни системи, да ги совладаат основните криптографски принципи и методи, да ги изучат основните крипто-дизајни и практично да ги користат изучените крипто системи. Помеѓу другото, студентите ќе стекнат знаења и вештини за користење на ГИС технологија, проектирање компјутерски системи базирани на мобилни технологии, а ќе ги научат и последните технолошки напредоци и светските трендови од доменот на Е-бизнисот.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС. Во рамките на двегодишните студии се опфатени 16 предмети кои студентите треба да ги положат.

Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер по информатика – компјутерски системи и мрежи.

Програма
двегодишни студии

7 семестар

  • Напредни оперативни системи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Безбедност и криптографија
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • ГИС во бизнисот
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Мобилни технологии и програмирање
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Психологија на бизнис
    Изборен

    6 ЕКТС

8 семестар

  • Сензорски системи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • E-бизнис, архитектура и дизајн
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Напредна компјутерска графика
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Како да се биде успешен во бизнисот
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Интелигентни КНХ системи
    Изборен

    6 ЕКТС

9 семестар

  • Биоинформатика
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Мрежни анализи во ГИС
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Електронско учење
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Дизајн на бизнис софтвер
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Системски софтвер
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Операциони истражувања
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Магистерски труд
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Напредно визуелно програмирање
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Методологија и научна теорија
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Релациски бази на податоци
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:

  • 1530 евра за четвртата година и
  • 2030 евра за петтата година.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.

Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image