Студиска програма Безбедност од пожар
Тригодишни студии
Име на студиската програма: Безбедност од пожар
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: инженер за безбедност од пожар
Годишна школарина: 1530 евра
Студиската програма Безбедност од пожар на Меѓународен Славјански Универзитет е наменета за идни инженери кои сакаат активно да придонесат кон создавање побезбедни работни и животни средини.
Под безбедност од пожар се подразбира превентивно применување на мерки, прописи и стандарди со цел заштита на луѓето, објектите и околината од појава и последици од пожари. Преку програмата студентите ќе се запознаат со причините за настанување на пожари, ќе научат да препознаваат ризици во различни средини и ќе стекнат вештини за нивно ефикасно спречување или контрола.
Преку лабораториска и практична настава студентите ќе се стекнат со применливи знаења кои се барани во јавниот и приватниот сектор – од индустриски капацитети и општини до противпожарни служби и безбедносни консултантски компании.
Посебен фокус е ставен на создавање услови за навремено реагирање при појава на пожар и минимизирање на штетните последици, особено во средини каде што опасноста не може целосно да се елиминира. По завршување на програмата, дипломираните студенти ќе бидат подготвени и за продолжување на своето образование на магистерски студии во истата или сродни области.
Додипломски студии
На оваа студиска програма студентите најпрво се запознаваат со правните и нормативни основи поврзани со заштита од пожар, вклучувајќи ги законите, прописите и стандардите што се однесуваат на заштитата на луѓето, објектите и околината од пожари. Се изучува и организацијата и управувањето со системите за заштита од пожар, како и улогата на различните институции и служби во спречување и справување со пожари.
Понатаму, студентите добиваат знаења за физичките и хемиските фактори што доведуваат до појава на пожар, начинот на нивното дејствување врз луѓето и инфраструктурата, како и стратегии за превенција и минимизирање на штетите.
Програмата опфаќа и основи од термодинамика и развој на технички системи, со цел разбирање на процесите поврзани со настанување и ширење на пожар, како и примена на современа опрема и технологии за детекција, сигнализација и гаснење на пожар. Дополнително, се изучуваат системи за евакуација, спасување, и управување со ризици при пожари во различни средини – индустриски, јавни, станбени и природни.
Студиите траат три години, а со успешното завршување студентите се стекнуваат со 180 ЕКТС кредити и можност за вклучување во различни професионални области поврзани со заштита од пожари и управување со вонредни ситуации.
Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.
Програма тригодишни студии
1 семестар
-
МатематикаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Основни параметри за работната срединаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Правни основи за безбедност од пожарЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Технички материјалиИзборен
6 ЕКТС
-
Англиски јазикИзборен
6 ЕКТС
2 семестар
-
Техничка механикаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
ТермодинамикаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Основи на теорија на процесот горењеЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Основи на информатикаИзборен
6 ЕКТС
-
Системи за детекција на пожарИзборен
6 ЕКТС
3 семестар
-
Анализа на технички системи и заштитаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Статистика и обработка на податоциЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Економија на животна срединаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Инженерска психологијаИзборен
6 ЕКТС
-
Економика на претпријатиеИзборен
6 ЕКТС
4 семестар
-
Механика на флуидиЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Мониторинг на животна срединаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Економски аспекти на пожарите во работна срединаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Заштита при транспорт и складирањеИзборен
6 ЕКТС
-
Индикатори за квалитет на работна срединаИзборен
6 ЕКТС
5 семестар
-
Процена на безбедност на работно местоЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Еколошко правоЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Постројки и инсталации под притисокЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Мобилна опрема за гаснење на пожарИзборен
6 ЕКТС
-
Примена на информатиката во безбедноста од пожарИзборен
6 ЕКТС
6 семестар
-
Ергономија на работно местоЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Теорија на системи и ризикЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Менаџмент на професионален ризикЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Академско пишувањеИзборен
6 ЕКТС
-
Основи на директивите и стандардите за заштита на животнатата средина и пожаритеИзборен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.