Студиска програма
Компјутерски системи и мрежи

Современите трендови на пазарот на трудот наметнуваат потреба од кадар со потесна област на специјализација и владеење на конкретна проблематика. Брзите промени наметнуваат потреба од ангажирање стручни и професионални кадри, специјалисти и добри познавачи од областа на информатички науки, особено имплементирање на современи компјутерски системи и мрежи.

Студиската програма Компјутерски системи и мрежи им овозможува на идните студенти да се запознаат со основните концепти заеднички за сите модерни оперативни системи, да ги совладаат основните криптографски принципи и методи, да ги изучат основните крипто-дизајни и практично да ги користат изучените крипто системи. Помеѓу другото, студентите ќе стекнат знаења и вештини за користење на ГИС технологија, проектирање компјутерски системи базирани на мобилни технологии, а ќе ги научат и последните технолошки напредоци и светските трендови од доменот на Е-бизнисот.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Специјалистички студии
Четврта година

inf-24-msu-poc

Четврта година

Име на студиската програма: Компјутерски системи и мрежи
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 240
Стручен назив: не се стекнува диплома за четвртата година
Годишна школарина: 1230 евра (за четвртата година)

Специјалистичките студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на специјалистичките студии можат да направат студенти кои при претходните студии се стекнале со најмалку 180 ЕКТС кредити.

По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити и можат да направат упис во петта година (магистерски студии).

Програма
четврта година

7 семестар

  • Напредни оперативни системи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Безбедност и криптографија
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • ГИС во бизнисот
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Мобилни технологии и програмирање
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Психологија на бизнис
    Изборен

    6 ЕКТС

8 семестар

  • Сензорски системи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • E-бизнис, архитектура и дизајн
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Напредна компјутерска графика
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Како да се биде успешен во бизнисот
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Интелигентни КНХ системи
    Изборен

    6 ЕКТС

Магистерски студии
Петта година

inf-24-msu-poc

Петта година

Име на студиската програма: Компјутерски системи и мрежи
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по информатика – компјутерски системи и мрежи
Годишна школарина: 1530 евра (за петтата година)

Магистерските студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на магистерските студии можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале со најмалку 240 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 300 ЕКТС кредити и стручен назив магистер по информатика – компјутерски системи и мрежи (Master of computer science – Legum Magister LL.M).

Во рамките на едногодишните студии предвидено е студентот да положи вкупно 8 предмети, односно по 4 во секој семестар.

Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.

Програма
петта година

9 семестар

  • Биоинформатика
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Мрежни анализи во ГИС
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Електронско учење
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Дизајн на бизнис софтвер
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Системски софтвер
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Операциони истражувања
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Магистерски труд
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Напредно визуелно програмирање
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Методологија и научна теорија
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Релациски бази на податоци
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:

  • 1230 евра за четвртата година и
  • 1530 евра за петтата година.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image