Студиска програма
Применети финансии

primeneti-finansii-2-ciklus-MSU

Едногодишни студии

Име на студиската програма: Применети финансии
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: академски, последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 6
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на економски науки (студиска програма Применети финансии)
Годишна школарина: 2030 евра

На студиската програма Применети финансии ќе научите да „направите простор“ за современите финансиски практики, кои се пофлексибилни, попрактични и пред сè – применливи во реалниот бизнис-контекст. Студиите се последипломски, со траење од една година (4+1) или 60 ЕКТС кредити. Услов за упис е студентот да има завршено високо образование при кое се има стекнато со 240 ЕКТС.

Применетите финансии се фокусираат на реалната употреба на финансиските алатки и анализи со цел носење информирани одлуки во деловниот и јавниот сектор. Ова е клучен сегмент од секоја организација, каде што на исто ниво се вреднуваат точноста, аналитичноста и стратегиското планирање во функција на финансиската стабилност и раст.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Во современите организации, финансиското управување претставува еден од клучните фактори за успешно донесување одлуки и долгорочна стабилност. Од сите ресурси што стојат на располагање на една организација, способноста за финансиска анализа, планирање и контрола е тоа што прави разлика меѓу обичното работење и стратешкиот раст. Применетите финансии се тесно поврзани со сите други бизнис-функции и претставуваат основа за рационално управување со капиталот, инвестициите и ризиците.

Студиите ќе ви овозможат да стекнете знаење за разновидните активности и функции на финансискиот менаџмент – од креирање буџети, следење на трошоци и оптимизирање на ресурси, до анализа на финансиски извештаи, управување со парични текови и донесување одлуки за инвестиции. Ќе знаете како се проценуваат перформансите на организацијата преку финансиски индикатори, како се користат податоци за подобро донесување одлуки, и како се изработуваат стратегии за финансирање и раст.

Ќе научите зошто управувањето со ризик е суштинско за секоја организација, како функционираат финансиските пазари и институции, и каква улога имаат регулативата и етиката во финансиската практика. Ќе развиете способности за користење на современи финансиски алатки и технологии, кои се неопходни во динамичната економска средина.

Во рамките на едногодишните студии се опфатени 10 предмети кои студентите треба да ги положат. Од понудените 8 изборни предмети, студентите избираат само 3.

По завршувањето на студиите и подготовката на магистерскиот труд се стекнувате со стручен назив Магистер по економски науки (студиска програма Применети финансии).

Програма
едногодишни студии

9 семестар

  • Меѓународни финансиски пазари и институции
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Меѓународен монетарен систем
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Корпоративно управување
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Државна ревизија
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Ризици во финансиски институции
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Економија на развој
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Квантитативни методи во финансии
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Меѓународни стандарди за финансиско известување
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Даночна анализа и даночен систем во РСМ
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Методологија на научно истражувачка работа
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Финансиски менаџмент – средно ниво
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Магистерски труд

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 2030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.

Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image