На 6 ноември 2018 година, делегација од нашиот универзитет присуствуваше на свеченоста по повод 55-годишнината од основањето на Великотрновскиот универзитет „Св. св Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Бугарија. По повод јубилејот на универзитетот Претседателот на Република Бугарија, г. Румен Радев, додели плакета за придонесот на Универзитетот во Велико Трново во формирањето на генерации специјалисти, како и за придонесот за современото високо образование во Бугарија.
В.Д. ректорот на универзитетот, проф. д-р Кети Арсовска Несторовска, во рамки на посетата ја врачи плакетата „Державин“ на ректорот на ВТУ, проф. д-р Христо Бонџолов, за придонесот за продлабочување на соработката меѓу нашите два универзитети.