Делегација од Меѓународен Славјански Универзитет во посета на нашите партнери од Липецк – Липецкиот државен педагошки универзитет „П. П. Семјонов Тан-Шански“. Посетата траеше од 15-ти до 19-ти јануари 2019, а целта беше подобро запознавање со партнерскиот универзитет, неговата инфраструктура, остварување комуникација со студентите, како и разгледување на регионот.
На 17-ти јануари се одржа официјална средба помеѓу претставниците од нашиот универзитет и Липецкиот универзитет, кој беше претставуван од проректорот за академски работи, А. Комков, проректорот за научна работа И. Бурмикина, проректорот за едукативна работа Д. Кретов, раководителот на катедрата за информатика Д. Скудњев, раководител на одделот за образовна политика Л. Беленикина и раководителот на одделот за меѓународна соработка Е. Гајдук.
Беа дискутирани можни полиња за идна соработка, размена на студенти и практична работа. Решено беше најголем акцент да се стави на дисциплините поврзани со информатиката и роботиката. На средбата беше договорена размена на студенти пред се од Факултетот за информатика, и спроведување на програми за обука и практична работа на двата универзитети.