
Меѓународен Славјански Универзитет и НУ – УБ „Гоце Делчев“ од Штип потпишаа Договор за соработка
29 јуни 2026Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет (ЗС МСУ) објавува повик за учество на младинската размена „DigitA(I)GE – Beyond the Screen: Critical Thinking in the Digital Age“, која ќе се реализира во рамките на програмата Еразмус+ во Романија.
Проектот ќе ги обедини младите од Романија, Италија, Унгарија, Турција и Северна Македонија со цел да ги унапредат своите знаења и вештини во областа на дигиталната безбедност, медиумската писменост, критичкото размислување и одговорната употреба на вештачката интелигенција.
За проектот
„DigitA(I)GE“ има за цел да ги поттикне младите да станат посигурни и поодговорни дигитални граѓани преку:
- препознавање дезинформации и развивање навики за проверка на факти;
- зајакнување на дигиталната безбедност и одговорното онлајн однесување;
- подигнување на свеста за манипулирана и содржина генерирана со вештачка интелигенција;
- поттикнување на младинско учество, инклузија и интеркултурна соработка;
- споделување на стекнатите знаења во локалните заедници по завршувањето на размената.
Кој може да учествува?
Се бараат 6 млади учесници од Северна Македонија и 1 групен лидер, кои ќе ја претставуваат нашата држава на оваа меѓународна младинска размена.
Проектот е наменет за млади на возраст од 16 до 25 години, со посебен фокус на млади со помалку можности, вклучувајќи:
- млади од рурални средини;
- млади од социјално и економски ранливи категории;
- припадници на малцински заедници;
- млади со ограничен пристап до образовни можности.
Од учесниците се очекува активно учество во сите активности, работа во интернационални тимови и подготвеност за споделување на искуствата по завршувањето на проектот.
Кога и каде?
- Период на реализација: 20 – 29 јули 2026 година (вклучени денови за патување)
- Локација: Пансион „Colț de Rai“, Догнеча, округ Караш-Северин, Романија.
Што е обезбедено?
Проектот е целосно финансиран преку програмата Еразмус+. За избраните учесници се обезбедени:
- сместување;
- три оброци дневно и освежување за време на активностите;
- работилници и образовни активности;
- Youthpass сертификат;
- рефундација на патни трошоци согласно правилата на проектот.
Аплицирање
За пријавување, Ве молиме пополнете ја следнава апликација и ќе бидете контактирани од страна на нашиот тим. Аплицирањето трае до 08.07.2026.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на info@zs.msu.edu.mk




