
Меѓународен Славјански Универзитет и НУ – УБ „Гоце Делчев“ од Штип потпишаа Договор за соработка
29 јуни 2026
Повик за младинска размена – DigitA(I)GE – Beyond the Screen: Critical Thinking in the Digital Age
3 јули 2026Четвртиот ден од учеството на Меѓународен Славјански Универзитет на фестивалот Cannes Lions 2026 беше исполнет со нови средби, инспиративни предавања и можности за професионално вмрежување.
Во рамките на фестивалската програма, Михаела Ѓорчева од Меѓународен Славјански Универзитет го посети Women Inspiring Network (WIN) Lounge, каде што минатата година настапи како говорник. Посетата претставуваше можност за повторно поврзување со професионалци од различни индустрии и размена на идеи за лидерството, иновациите и заедничката соработка.
На The Female Quotient Beach, таа присуствуваше на сесијата со Сиера и Расел Вилсон, коишто говореа за партнерството, заедничкото градење наследство и создавањето долгорочно влијание.
Особено впечатлива беше и сесијата со Бозома Сент Џон, една од највлијателните личности во современиот маркетинг, која сподели искуства и размислувања за лидерството, креативноста и градењето силни брендови.
Во текот на денот беше посетен и AI x Tech Sandbox, каде што фокусот беше ставен на иднината на односите помеѓу брендовите и креаторите на содржини, тема која што беше меѓу најактуелните на овогодишното издание на фестивалот.
Учеството на Cannes Lions 2026 беше заокружено со уште една посета на Microsoft Gardens, простор што во текот на целата недела претставуваше место за вмрежување, размена на искуства и следење на најновите технолошки трендови.
Со ова, заврши учеството на Меѓународен Славјански Универзитет на Cannes Lions 2026 – четири дена исполнети со инспирација, иновации и нови професионални поврзувања. Се гледаме повторно следната година!











