
Повик за младинска размена – DigitA(I)GE – Beyond the Screen: Critical Thinking in the Digital Age
3 јули 2026Како претставници на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет, Михаела Ѓорчева и Иван Спасев присуствуваа на промоцијата на новите книги на легендарниот хрватски кантавтор и еден од најпознатите рок-вокалисти од поранешна Југославија, Дадо Топиќ, како и на познатиот кантавтор Срѓан Марјановиќ.
Настанот се одржа во живописната Пјесникова Долина, во близина на величествениот кањон на реката Тара во Црна Гора, собирајќи бројни уметници, писатели и љубители на литературата, музиката и културата.
За Македонија, Дадо Топиќ има посебно значење преку својата легендарна песна „Македонија“, која и денес буди емоции и поврзува генерации. Песната беше изведена во рамки на програмата на настанот.
Присуството на вакви културни настани е можност за зајакнување на меѓународната соработка и промоција на вредностите што ги негува Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет.
Благодарност до организаторите за поканата и топлото гостопримство.















